ОХО Продукција предупредува за дека се појавиле лажни орофили на социјалните мрежи со ликовите од ТВ серијата „Преспав“. Продукција се обрати со соопштение кон јавноста:
„Изминатиов период на социјалните медиуми се појавија лажни профили од ликовите на ТВ серијата Преспав. ОXО Продукција, како единствен носител на авторскте права на Преспав, се оградува и ги осудува овие злоупотреби и ги презема сите правни дејства со цел да ги спречи ваквите злоупотреби и да го заштити своето авторство врз серијата. ОХО Продукција изрично забранува неовластено користење на сите содржини кои ги претставуваат, произлегуваат или на било каков начин се поврзани со ликовите, дејствијата, имињата и другите авторски содржини на ТВ серијата„, се вели во соопштението.
Серијата „Преспав“ е можеби еден од најпопуларните домашни проекти. Засега се снимани четири сезони, а во најава е и петата која треба да се снима кон крајот на годинава. Неодамна имаа слецијална волонтерска епзода посветена на актуелната ситуација со Ковид-19