На спортскиoт новинар Зоран Михајлов во саботата му бил забранет влез на арената „Тоше Проески“, каде што се играше натпреварот меѓу Вардар и Борец од првото коло на македонската фудбалска лига. Михајлов го запреле на влезот, каде што му кажале дека не е на списокот со лица што може да влезат на Градски. Михајлов својот револт го искажа на „Фејсбук“ велејќи дека никогаш во животот не бил вака понижен.
Тој напиша дека кога не помогнала ниту легитимацијата што ја носел, тој се обидел да интервенира кај делегатот на натпреварот, па и во ФФМ. Но, ни тоа не му помогнало да влезе на стадионот.
„И тоа ми се случи. По повеќе од 56 години работа како спортски новинар, вчера вратата на Градскиот стадион во Скопје за да го следам и да известувам од мечот меѓу Вардар и Борец, од првото коло на ПМФЛ, за мене беше затворена! Објаснувањето на вратарот беше дека не сум во списокот според протоколот. Бев изненаден, почнав да му објаснувам кој сум и што сум, иако ме познаваше, но ништо не помогна. Не помогна ниту легитимацијата од АИПС (Светската асоцијација на спортските новинари), со која сум влегувал дури и на дерби-натпреварот Милан – Интер и Барса – Реал, но овде за вратарот таа не значеше ништо…“, напииша тој, меѓу другото.