„Зоро моја румена“ ново од Елена Велевска

Фолк-пејачката Елена Велевска сними нова песна и видеоспот. Автори на песната се Дејан Момировски и Борче Нечовски. Видеото се снимаше во Бугарија.
„Направив куса пауза кога е мојата авторска музика во прашање, бев во потрага по песна што е квалитетна, поинаква и песна која ќе се слуша. ‘Зоро моја румена’ е песна која мене ми се допадна на прво слушање и се надевам дека на ист начин ќе ѝ се допадне на публиката. Видеоспотот за песната се снимаше на неколку локации во Бугарија“, вели Елена. Промоцијата на спотот е следната недела.

 

Scroll to Top