Зуица и Наум победија во фолк вечерта на Охрид Фест

Наум Петрески и Зуица Лазова се победници на музичкиот фестивал Охрид фест – Охридски трубадури кој се одржа вчеравечер во Охрид.

Наум Петрески со песната „Не се откажав“ ја освои првата награда од стручното жири, додека фолк пејачката Зуица Лазова е првонаградена од публиката со песната „Да ме носиш в Охрид“.

Охрид фест се одржа по 29 -ти пат на кој се отпеаа 16 нови фолк композиции.

Вечерва ќе се одржи втората, Интернационална вечер на фестивалот. Најавено е учество на голем број на балкански музички ѕвезди.

Scroll to Top