Ѕвездата на „Гранд“ Александар Темелков ќе стане татко

Поранешната ѕвезда на „Гранд“, Александар Темелков ќе стане татко. Пејачот на социјалните мрежи сподели дека очекуваат бебе со неговата свршеница, Сара.

„Почитувани фанови и пријатели, наскоро јас и мојата свршеница ќе станеме родители“, напиша Темелков.

Младиот Александар Темелков од Велес кого публиката го запозна по настапите во популарното шоу „Гранд“ по повеќе години врска со неговата девојка Сара, пејачот ја запросил во јуни оваа година.

Како што дознаваме, Александар и Сара се подолго време заедно, а младиот пејач ја запроси во јуни месец оваа година.

Александар и Сара следниот месец планираат да направат регистрација, додека свадбата ја планираат за идната година.

Scroll to Top