„Грашо ми одеше на нерви“, ексклузивно интервју со Данијела Мартиновиќ

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ на 14 февруари, Денот на вљубените, ќе одржи концерт во МНТ во Скопје. По 10 години таа повторно ќе пее пред македонската публика. „Не знам да живеам без љубов“, вели поп пејачката, која 25 години е во врска со Петар Грашо.

„Петар дојде да свири во ‘Магазин’ и многу ме нервираше. Па дури се нервирав и кога го гледав како јаде, а плус па и многу беше висок. Но, ете одевме на патувања со бендот, разговаравме, се смеевме, сè беше некако природно. Така се зближивме. А, бидејќи и двајцата не знаеме кога ни почна врската, годишнина славиме на денот кога се запознавме“, раскажува пејачката.

Петар Грашо е автор на многу нејзини хитови, па дури и на евровизиската песна „Нека ми несване“, со која ѝ донесе најголем успех на Хрватска.

Данијела е 30 години на сцената. Но, првпат почнала да пее во црковен бенд, каде ја предложил нејзиниот братучед кој пелтечи: „Со пелтачење, тој едвај усепеа да им каже дека има братучеката што знае да пее“, на шега вели Данијела, па додава: „Ама ете по тоа ме забележа и Тончи Хуљиќ и тргна мојата кариера“.

Тоа што не успева да го каже преку песните, Данијела го раскажува преку своите книги со поезија. Досега напишала две. „Емоциите почнаа да излегуваат од мене како вулкан и морав да пишувам“, вели таа. За Македонија ја врзуваат убави спомени, меѓу нив и емотивната средба со обожавателка која за неа ја напишала книгата „Твоето ангелско лице“. Има интересна приказна зошто пријателите во Македонија ја викаат „бушава“. Но и за настапот на Евровизија, како ги одржува линијата и младешкиот изглед, зошто си отиде од „Магазин“ во времето на најголемата популарност и зошто со години ја криеше врската со Грашо, гледајте го интервјуто…

Андријана Јовановска

Scroll to Top