(Видео) Мето ди Флеш сними песна со триесет и осум аматери-пејачи што доаѓаат на неговите караоке забави

Методи Поповски, познат како Мето Ди Флеш, ја промовираше песната „Среќа е“ во која друштво му прават 38 пејачи-аматери, кои се редовни на неговите караоке забави ширум Македонија. Тој е комплетен автор на песната за која сними и видео во „Ејнџелс кафе“ во Штип, каде што често има настапи.

„Предизвикот беше голем и многу амбициозен, но добро е кога ќе се видат резултатите, насмеани лица и еден куп позитивни реакции на целиот проект. Текстот и целата замисла на песната, како и видеото е директна инспирација на сето она што ми се случува речиси секоја вечер. Сите се среќни кога пеат и се заедно, и остануваат до крај на журката“, вели Мето.

Scroll to Top