Српската пејачка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ со години се во хармоничен брак, а го имаат и нивниот син Александар, кој се роди во март 2019 година
За време на бременоста, познатата пејачка се здебелила 23 килограми, поради што по породувањето побарала помош од нутриционист.
Менито на Александра Пријовиќ е внимателно дизајнирано и разновидно, а таа за само три месеци успеа да си ја врати првобитната телесна тежина.
„Кога се породив имав 23 килограми повеќе отколку пред породувањето. Додека бев бремена не бев толку внимателна и во последните три месеци од бременоста многу се здебелив, бидејќи постојано имав грозница и јадев тесто, мислев дека ќе ми биде полесно. Кога почнав да размислувам за тоа колку брзо треба да се вратам на работа, се поколебав, бидејќи како млада мајка и жена, мислам дека треба да се грижам и да изгледам добро. Верував дека лесно ќе го решам проблемот. Сакам слатки, сакам тесто… Сакам се од слатко. Со диетата после три до четири месеци имав помала тежина од порано“, раскажала пејачката.
Менито на Александра Пријовиќ многумина ги интересирало, па пејачката откри кои намирници ги вклучила во исхраната, а кои ги избегнувала.
„Од менито целосно ги исфрлив слатките, мрсната храна, газираните сокови и тестото. Јадев салати, риба, разни зеленчуци, пиев цедени сокови и се уште пијам многу течности секој ден. Така се изгубија килограмите и сега изгледам баш како што сакав“, вели Пријовиќ.