приказната дека забележал посетители од друга планета за време на мисијата „Аполо 11“.
На почетокот во јавноста се прошири приказна дека американскиот астронаут Баз Олдрин забележал вонземјани за време на слетувањето на Земјиниот сателит, а доказ дека ја говорел вистината е што минал низ детекторот за лаги, објавиле британските медиуми.
Но, адвокатите на Олдрин веднаш ги демантирале тврдењата и истакнале дека целата приказна е бесмислена.
Тајна технологија
„Од Институтот за биоакустика во Охајо е направена целосна анализа на говорот на астронаутот Баз Олдрин за неидентификуваниот летечки објект и вонземјаните и било утврдено дека тој е сигурен во тоа што го забележал. Иако оваа технологија е сè уште тајна, научниците сметаат дека е поверодостојна од моменталните детектори за лаги и наскоро истата ќе ја користат и ФБИ и полицијата“, објавил „Дејли стар“.
Од Институтот тврдат дека Олдрин им објаснил како во моментите на слетувањето на Месечината видел вонземјани. Но, Олдрин никогаш не изјавил такво нешто. Астронаутот повеќепати повторил дека навистина во текот на летот до Земјиниот сателит забележал неидентификувано светло, но дека тоа доаѓало од остатоците на ракетата со која дотогаш летале.
Милијарди галаксии
„Не знаевме од кој од четирите панели стигнува отсјајот, па може да се каже дека беше неидентификувана светлост, но не станува збор за каков било вонземски објект. Постојат милијарди галаксии, па веројатно постојат вонземјани некаде во Млечниот Пат. Сигурно некаде во вселената постои живот, но растојанијата до нив се преголеми“, изјавил Олдрин неодамна.