Аргентинска манекенка имала афера со Меси

Аргентинската манекенка Ксоана Гонзалес призна дека имала афера со Лионел Меси. Некогашната девојка на „Плејбој“, рече дека двајцата се запознале на една журка во 2011 година.

„Тоа се случи пред многу години. Беше многу млад, но, знаеше што работи, беше полнолетен и тоа е важно“, рече Гонзалес во интервју за една телевизиска станица во Перу.

„Тој не сакаше да ми пријде. Тоа го стори неговиот телохранител. Ми рече дека сака да ме запознае. Бев заинтересирана, а потоа пред мене се појави Меси, кој ни беше идол на сите нас во Аргентина“, рече Гонзалес и додаде дека Меси бил срамежлив.

„Го прашав зошто го испрати човекот од обезбедувањето, а не ми пријде тој. Подоцна дознав дека е срамежлив. Зборувавме за музика и не се сеќавам дека ми рече дека има девојка. Потоа отидовме во неговиот стан во Пуерто Мадера“, рече Гонзалес.

Аргентинката откри и некои пикантерии од спалната соба.

„Во кревет ако направиш нешто очекуваш и другиот дека ќе ти го направи истото. Сакав да ми даде уште малку. Но во одреден момент ми се чинеше дека сум со човек кој не е нешто пособено во кревет“. рече Гонзалес за аферата со Меси.

Scroll to Top