Аца Лукас сè уште официјално не се развел од својата сопруга Соња, а веќе планира брак со својата нова девојка со која минатата недела се сврши во Будва. Станува збор за Јована Дорошки од која тој не се разделува. Двојката постојано е заедно.
„Минатата недела беа во Порто Монтенегро, каде што пазареле некои ситници, а потоа наминале во златарница, каде што Аца купил прстен. И тоа еден од најскапите прстени во златарницата, бело злато со дијамант. Таа прво не сакаше да прифати толку скап прстен и се караа до Будва. Се согласи да го прифати дури на романтичната вечера кога ѝ објасни дека тое е веренички прстен“, раскажал изворот за српските медиуми.