Бендот на Сара Мејс го налути Димитар

By

Поп-пејачката Сара Мејс неодамна се омажи за водителот Димитар Атанасовски. Само неколку дена пред свадбата го промовира спотот за песната „Небо“. За 26 септември најавува концерт на плоштадот во Скопје. Во интервјуто ни откри дека терминот госпоѓа навистина ѝ годи и ни раскажа интересни детали од својата свадба.

„Многу беше убаво, целата атмосфера, од матично, црква, моментот кога одев со татко ми, до свадбената веселба. Гостите не мрднаа од подиумот, сите игравме. Мене ме болеа нозете, но издржав“, открива Мејс.

По невестата се одело со музика, а Сара и Димитар од мерак решиле да ги испочитуваат сите македонски обичаи. Вели дека критично било туркањето врата. Тука машката страна потфрлила зашто нејзиниот бенд ја чувал во собата. На крајот, сепак, им попуштиле, па Димитар успеал да си ја земе невестата.

„Се налутија претставниците на машката страна зашто мојот бенд добро ме чуваше. Борбата беше тешка. Не ме даваа. Да не се фалиме, ама бевме посилни. На крајот им попуштивме, па влегоа“, ни открива Сара Мејс. Свадбата ја отворија со танц и кореографија што претходно ја подготвиле. Поп-пејачката деновиве се подготвува за претстојниот концерт. На 26 септември со својот бенд ќе настапи пред платото на МОБ, на плоштадот Мајка Тереза.

„Ги поканувам сите да дојдат во 20 часот на плоштадот. Ќе приредиме концерт за паметење. Имаме 8 нови песни. На сцената ќе има тапани, перкусии, три женски вокали и еден машки, бас и клавир. Ќе има вселенски звуци и разни музички синтетики. Навистина сакам да ни дозволите да ве однесеме во вселената. Настапот ќе личи на мјузикл, ќе биде убаво зашто е под отворено небо“, објаснува поп-пејачката.

Таа неодамна го промовира и спотот за песната „Небо“. Покрај Сара, во спотот се појавуваат Иван и Неврус, кои ѝ се партнери во танцот.

Александра Георгиев

Ќе ви се допадне