Битолчани ја удостоија Турунџиева

„Возбудата е најголема кога настапуваш дома. Благодарност до сите што дојдоа во толку голем број, пееја заедно со мене, особено до сите што (во недостиг на столови) стоеја до крајот на настанот“, вели Сузана Турунџиева по настапот на Битолското културно лето. Таа пред својата публика имаше едночасовен настап, наречен „Авторска вечер со Сузана Турунџиева“, на која поред битолчани ги отпеа безвременските песни, а им ја престави и својата најнова книга „Среќометар“.

Scroll to Top