Бред Пит останал со празни раце и покрај тоа што понудил 120.000 долари за да гледа една епизода од „Игрите на престолот“ со Емилија Кларк, позната како Денерис, мајката на змејовите.
Познатиот актер не успеа да даде најголема сума на хуманитарната вечера која ја организираше Шон Пен. Најинтересна беше аукцијата на која познатите личности се натпреваруваа за да гледаат една епизода од „Играта на престолот“ со Емилија.
Почетната понуда изнесувала 20.000 долари, но цената брзо пораснала. Бред понудил 80.000 па потоа понудил и 90.000 долари.
Ситуацијата се вжештила кога Пит понудил 120.000 долари. Во прв момент изгледало дека Бред е победник, но потоа анонимен ученик понудил 160.000 долари, а актерот се откажал од понатамошно лицитирање.