Човекот со чадорот може да биде решение за убиството на Кенеди

Иако денот кога е убиен американскиот претседател бил многу ведар, еден маж се шетал со црн чадор во раката. Токму поради тоа, тој им го привлекол вниманието на истражителите.

Човекот со чадорот може да се види на неколку видеоснимки и фотографии што биле направени на денот на атентатот.

Интересно е што овој неверојатен детаљ е забележан неколку децении по атентатот на претседателот на Соединетите Американски Држави!

Во едно од видеата човекот го отвора чадорот и го крева многу високо над главата. Тоа се случува во моментите кога лимузината во која се возел претседателот Кенеди се доближувала. Во моментите кога возилото забавило, човекот чадорот го насочил во насока на стрелките на часовникот, а потоа се слушнало пукотница. Џон Ф. Кенеди бил мртов.

Понатаму, сликите покажуваат дека по пукотниците, човекот со чадорот седел на тротоарот покрај знакот за Стимонс Фривеј.

Потоа станал и тргнал кон школската продавница за книги, каде што се наоѓал убиецот Ли Харви Освалд. Вистинскиот идентитет на човекот со чадорот никогаш не бил откриен. Неговите потези се прикажани во филмовите што се занимаваат со теории на заговор вклучувајќи го и филмот на Оливер Стоун.

Теоријата сугерира дека човекот што користел чадор му сигнализирал на атентаторот. Попрецизно, тоа можело да значи и сигнализација до возачот на Кенеди да вози побавно. Многу луѓе биле сведоци на атентатот и изјавиле дека лимузината на Кенеди целосно запрела среде улицата пред Кенеди да биде убиен.

Друга позначајна личност на снимките и фотографиите бил човекот што стоел покрај лицето со чадорот. Тој поздравувал кон претседателот со нацистички поздрав, а потоа комуницирал преку воки-токи.

По откривањето на снимката со човекот со чадорот, Комитетот на Конгресот за истрагата за убиството апелирал до јавноста да им биде доставена секоја можна информација за него. Но, дури години подоцна се дознало за кого станува збор.

Човекот по име Луи Стивен Вит во 1978 година изјавил дека тој е лицето од сликата. Дури и тврдел дека поседува таков чадор. Според зборовите на Вит, чадорот требало да биде своевиден сигнал, но не за убиство.

Вит тврдел дека тој го купил чадорот и го зел со себе само за да го вознемири Кенеди. Децении подоцна Џозеф Кенеди, таткото на претседателот, го поддржал британскиот премиер Невил Чемберлен. Чемберлен сепак се обидел да ѝ се додвори на германската нацистичка партија и дури заминал во одморалиштето на Хитлер за да се обиде да ги ублажи тензиите меѓу Британија и Германија.

Тие што му се спротивставиле на Чемберлен набргу почнале да му се потсмеваат користејќи го неговиот заштитен знак – голем црн чадор.

Кога бил изграден Берлинскиот ѕид, група деца во Белата куќа испратиле црн чадор на кој било напишано „Чемберлен“.

Единствената намера на Вит, како што самиот вели, била да мавта со црниот чадор со надеж дека Кенеди ќе го забележи и ќе го сфати неговиот симболизам.

Тој тврдел дека негов пријател му рекол дека црниот чадор го иритира Кенеди, токму поради Чемберлен. Ниту едно официјално обвинение не е изнесено против Вит, но тој сведочел за неговата вмешаност во убиството на Кенеди.

„Мислам дека ако постои категорија во Гинисовата книга на рекордите за луѓето што се нашле на погрешно место во погрешно време и ја работат погрешната работа, јас би бил убедлив победник“, изјавил тој на сослушувањето.

Убиството на Џон Кенеди и децении подоцна важи за извор на многубројни теории на заговор, па многумина сега сметаат дека човекот со чадорот знае повеќе од што има кажано.

 

 

Scroll to Top