Даниел Данн ја преработи „Чаирска романтика“ на Владо Јаневски

Пејачот Даниел Данн направи препев на македонскиот евергрин на Владо Јаневски, Чаирска романтика“.

Ова е петто кавер издание на Данн, кој со својот бенд под темата #Quarantine&Chill, досега ги преработија „Не сум твој тип“ од Дупер, „Сонце во твоите руси коси“ и „Ангел си ти“ од Тоше Проески, која беше специјално наменета за денот на медицинските сестри и „Јако Јако“ од Лозано.

Во бендот учествуваа Даниел Данн како вокал, Александар Кипровски на гитара, Миле Наумовски на клавијатура, Дарко Јовановски на ударни инструменти, Лазар Соколов на дувачки инструменти, Александар Спасенцовски на хармоника и Васил Ангелов на бас.

 

Scroll to Top