Детокс режимот на исхрана на Зоне Замфирова за совршена фит линија

Српската актерка Катарина Радивојевиќ која публиката ја запозна како Зона во филмот „Зона Замфирова“ на Здравко Шотра. Како и сите јавни личности и Катарина се грижи за нејзината линија и се грижи з атоа што внесува во нејзиното тело.

Таа секогаш се труди да се храни што е можно поздраво. Во последните неколку години забележала дека глутенот и пречи, па се труди да го исфрли од исхраната. Тестенините ги исфрлила од секојдневието, а ако ги јаде, се труди да јаде ориз или пченка. Исто така, избегнува млеко и млечни производи секогаш кога може, но пие сурутка, која е добра за мускулите, но и за чистење на црниот дроб.

Но, основата на нејзината витка линија не е само начинот на исхрана, туку и редовната физичка активност.

Ако се случи да јаде нездрава или помалку здрава храна неколку дена, Катарина потоа применува третмани за детоксикација според д-р Шулц.

Наутро седум дена на празен стомак пијте два децилитри сок од лимон, портокал или грејпфрут измешани со 3-4 чешниња лук и 3-4 лажици маслиново масло во блендер, а можете да додадете и малку ѓумбир. Подоцна пие половина литар чај за детоксикација.

За време на детоксикацијата таа јаде нормално, но не јаде тешки оброци.

„По третманот се чувствувам подобро, а тенот ми блеска. Кожата кажува многу за состојбата на организмот, а тоа е особено изразено во мојот случај“, изјавила еднаш актерката.

Појадок
Денот започнува со млака лимонада, која е многу добра за разградување на мастите и воопшто за метаболизмот. Потоа јаде некое овошје, но најмногу сезонско, она што расте во областа каде што е моментално. Следат мусли или овесна каша со соја или оризово млеко. Можете да додадете што било – гранола, која позитивно делува на варењето, ленено семе, суво овошје, какао бидејќи содржи многу минерали. По појадокот е дозволено кафе.

Ручек
Околу пладне е време за тестенини (пченка, ориз), а често изборот е киноа или ориз во комбинација со зеленчук или месо.

Вечера
Катарина обично вечера до 19 часот, иако има исклучоци. Најчесто јаде стек или пилешко и салата, а сака и домашни јадења, како ѓувеч. Се случува бидејќи снимањата и траат подолго од планираното или поради други обврски, да не може да јаде кога е гладна. Ваквите ситуации ги решава со сирови бадеми и лешници, бисквити и темно чоколадо, кои секогаш ги има во чантата.

Scroll to Top