Девојка оди пеш од Виена до Истанбул и собира донации за жртвите од земјотресот

Познатата турска инфлуенсерка, Франциска Нихус, тргна пеш од главниот град на Австрија, Виена, до Истанбул со цел да собере средства и донации за жртвите и семејствата на погодените од земјотресот во Турција.

Ќе пешачи 2400 километри, а донациите ќе ги собира од луѓето од градовите низ кои ќе помине. Нихус по потекло е од Германија, а пет години живее во Турција. Досега поминала 81 провинција во Турција со нејзиниот жолт автомобил, со име Лимон.

Во својата хумана кампања ќе пешачи од 20 до 30 километри дневно. Ќе ѝ бидат потребни околу пет месеци за да стигне до Истанбул. Ќе мине осум земји, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија и Грција.

Собраните пари ќе ги предаде на пет невладини организации. Досега има огромна поддршка од луѓе и познати и непознати. Има голем број фанови на социјалните мрежи кои и ја даваат целосно својата поддршка и ја охрабруваат да опстои во нејзината цел.

По два дена има собрано околу 3000 долари, а донирањето може да се направи и преку линк на нејзиниот профил на „Инстаграм“. Франциска за Dailysabah раскажа и каква била ситуацијата по земјотресот.

„Кога бев во Елбистан, беше навистина студено. Сите изгубија некои членови, а некои и целото семејство или домовите. И покрај очајната и тешка состојба не го изгубија чувството за гостопримство и надеж. Некои ме нудеа и со чај, па почнав да размислував што јас можам да направам да им помогнам“, рече таа.

Рече дека Хатај е еден од нејзините најомилени градовите кој претрпел многу штета по земјотресот. Со ова место ја поврзуваат многу спомени.

„Таму имам многу пријатели. Ги контактирав сите за да се уверам дека се добро. Но, градот повеќе не се препознава. Се надевам дека заедно ќе можеме да го изградиме повторно. Знам дека може да потрае многу долго. Но, еден ден, ќе биде во ред”, рече Франциска.

Scroll to Top