Дваесет и петгодишната Софи Мор од Аргентина, се омажила самата за себе, а по само 24 часа покренала бракоразводна постапка. Поминала само еден ден во сопствено друштво, пренесува „Дејли Мејл“.
Софи која има повеќе од 500.000 фанови на социјалните мрежи, рече дека си купила и венчавка и направила торта за да го прослави големиот ден.
„Купив венчаница и направив свадбена торта за да се омажам за себе“, рече Софи, која по само 24 часа ги изненади фановите и рече дека ќе се разведе. Многумина се шегуваа за нејзиниот еднодневен брак. Некои ја поддржуваа, додека други рекоа дека сакала само да привлече внимание.