Џастин ја изневерил Џенифер Анистон со Наоми Вотс?

Многумина ги изненади веста дека Џенифер Анистон и Џастин Теро се разведуваат по две и пол години брак, а како бомба одекна информацијата дека за разводот е виновна Наоми Вотс.

Двојката во заедничко соопштение објави дека на нивната љубовна врска ѝ дошол крајот, но дека пријателството останува и дека нивната одлука по тој повод била заедничка.

Но, како што пишуваат светските медиуми, срцето на Џастин, наводно, го украла Наоми Вотс, британската актерка и продуцентка со која тој соработувал уште пред 17 години на снимањето на филмот Mullholland drive. На големо се зборува дека капката што ја прелеала чашата, барем за Анистон, била сликата на која Џастин ја прегрнал Наоми Вотс.

Русокосата актерка со години живее во Њујорк, каде што Џастин често престојува во последните неколку месеци. Наоми 12 години беше во врска со колегата Лив Шрајбер, со кого има две деца, Александра (11) и Самуел (10). И двете во 2016 година соопштиле дека се разведуваат, а неа од тогаш во јавноста не сме ја виделе со друг маж.

Џастин и Наоми се дружат веќе со години, но по раскинувањето со Шрајбер, ако е за верување на американските таблоиди, меѓу неа и Џастин се родиле и друг вид емоции, освен пријателски.

 

 

Scroll to Top