Џенифер Гарнер за мајчинството: Бев ужасна мајка

Американската актерка Џенифер Гарнер често во јавноста зборува за убавината и предизвиците на мајчинството, но, како што објаснува, немала поим колку ќе биде заштитнички свртена кон своето најстаро дете.

Како што открила во интервју за списанието „Алур“, штотуку ја родила својата прва ќерка Виолет, ужасно се однесувала кон сите околу себе.

„Бев ужасна како новопечена мајка, вистински кошмар за сите околу мене. Премногу ја штитев, а тоа влијаеше на сите околу нас“, признала актерката која покрај Виолет ја има и 14 години старата Серафина и 11-годишниот Самуел.

Актерката веднаш сподели неколку совети за сите родители кои поминуваат низ истите предизвици.

„Какви и да сте родители, вашите деца навистина ќе разберат кои се и што се кога ќе пораснат, а исто така најверојатно ќе гравитираат кон убавото. Имам многу верба во моите деца. Не секогаш ми се допаѓа нивното однесување, но тоа е нормално“, открила актерката.

Scroll to Top