Џи-Пи и Стефонатор: Не земаме по 500 евра за роденден

Речиси нема дете или тинејџер кој не ги знае Џи-Пи и Стефонатор, македонските јутјубери кои се стекнаа со огромна популарност и со над 100 илјади следбеници на „Јутјуб“.  Желбата да кажат нешто на својот јутјуб-канал, но и видеата што ги снимаат, со сите предизвици во нив,  ги направи да бидат многу популарни кај нас.  До таму што напишаа заедничка книга „Нашиот пат“, за која велат дека ги надминала очекувањата и постојано се печатат нови тиражи.

„Не очекувавме дека до тука ќе ја дотуркаме работата и сега веќе кога сме толку популарни учиме како да се носиме со популарноста. Иако не е лесно, сепак, ние го одбравме ова“, раскажуваат Џи-Пи и Стефонатор.  Одличните ученици во гимназиите „Корчагин“ и „Орце Николов“’, а сега веќе студенти, во разговорот  откриваат нешта за себе.

Тамара, Јана, Јан и Кристијан се дружеа со Џи-Пи и Стефонатор

Стефонатор, кој ја има емисијата „90 секунди“, раскажа дека не било лесно да ги убеди да снимаат, но сега е среќен што сите прифаќаат да гостуваат. Џи-Пи, пак, ни раскажа за фамата околу родендените и од каде муабетите дека „скапо чини да ги викнеш на роденден“.

Од тоа дали е вистина дека чини 500 евра да ги викнеш на детски роденден, до тоа дали се вљубени и што  велат нивните девојки,  за тоа како почнале да снимаат видеа, како е да се биде јутјубер, колку следбеници имаат… Гледајте го видеото:

Александра Георгиев

Scroll to Top