Здравко Чолиќ на времето, бил заљубен во Дивна Карлеуша, мајката на поп пејачката Јелена Карлеуша, која денес почина од рак на градите, пишуваат српските медиуми. Според нив, Дивна во младоста му го скршила срцето на Чолиќ.
За нивната неуспешна љубовна приказна, велат, виновна била мајката на Дивна, Дара. Таа не сакала ни да чуе ќерка ѝ да се забавува со Чолиќ, кој во тоа време важел за најголемиот шармер во екс Југославија.
На српската естрада веќе со години се зборува дека Дивна и Чола биле во страствена врска. Меѓутоа, извор на српски Курир пак раскажал дека постоеле симпатии, но не и сериозна љубов.
„ Знаеме дека се зборува дека Дивна била во врска со Чолиќ, но тоа не е вистина. Имено, тој отишол на вратата од станот во кој таа живеела во Нов Белград да ја праша нејзината мајка ѝ Дара дали Дивна може да ја однесе на состанок. Затоа што таа била многу строга, а Дивна сеуште средношколка. Но, Дара не дозволила“, пренесе српски Курир. Во тоа време, Дивна важела за една од најубавите девојки во Белград и за неа се интересирале многу мажи. Сепак, на крај Дивна се омажила за Драган Карлеуша, во тоа време тапанар на групата Проарте. За него се омажила на 19 години и ја родила Јелена.