Доби казна, a нема автомобил?! Човекот бил шокиран кога пристигнал ковертот, морал да ангажира адвокат

Томас Виголд (63) од Берлин е казнет поради брзо возење, а прекршокот наводно го направил во градот Калтенкирхен во мај 2023 година.

Казната е 20 евра, но проблемот е што Виголд нема автомобил и не патувал во споменатиот град, пренесува Билд.

Шокиран решил да поднесе пријава во полиција, а во исто време ангажирал и адвокат. Тогаш работите добија неочекуван тек.

Имено, сопственик на автомобилот кој го фатил радарот е Џулијан Виголд, директор на градежна компанија од Калтенкирхен. Тој прв добил парична казна, но поднел жалба, па властите ја продолжиле истрагата, пренесува магазинот Феникс.

Германските медиуми јавуваат дека полицаецот кој ја истражувал пријавата „го побарал сопственикот на Интернет“ и го добил името на Томас Виголд, новинар и експерт за безбедносна политика.

Тој верува дека го идентификувал сторителот врз основа на радарски слики и слики од Интернет.

Но, како дојде до ова? Имињата на главните актери се различни и поинаку изгледаат (сопственикот на четири тркала е помлад по возраст).

По нов приговор на правниот застапник на Томас Виголд, полицијата одговорила дека и двајцата живеат на иста адреса, што тие категорично го одбиле.

И покрај се, постапките против жителите на Берлин не беа прекинати, а судијата го критикуваше немањето доказ за заеднички престој. На крајот на краиштата, може да има судење во Бад Сегеберг.

Адвокатот на Томас Виголд ја изрази својата загриженост за „ризикот од потпирање на пребарувањата на Google“ за време на полициските истраги.

„Ова може да доведе до погрешни заклучоци, особено со обичните имиња“, објасни тој.

Scroll to Top