Пречек на Нова година со Каролина, поп-пејачката со музичко шоу на МТВ

Поп-пејачката Каролина Гочева за новата година ќе има музичшоу од 90 минути на Македонската радио телевизија. На новогодишната ноќ ќе и се придружат Елена Ристеска, Лара Иванова, Влатко Лозаноски, Пијан Славеј и дечките од Тин камп.

„Многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1. На 31 -ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели“, напиша Каролина.

Каролина неодамна одржа пет концерти во Филхармонија заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, на кои беа отпеани малку подзаборавени македонски евргрини, а два нови концерти најавија за пред Божиќ во Националната опера и балет.

Фото: Стефан Рајхл

Scroll to Top