Дрита Ислами го вееше македонското знаме во Берлин

Најдобрата македонска атлетичарка, Дрита Ислами, на Европското првенство во Берлин го развиори македонското знаме откако истрча 400 метри со пречки за нешто повеќе од една минута и постави нов личен рекорд.

Ислами сподели фотографија по настапот, и иако имаше најслабо време, сепак, наместо разочарување, реши на публиката да ѝ покаже од каде доаѓа.

„Браво, секоја чест, вака се сака својата земја. На Македонија ѝ требаат што повеќе вакви патриоти. Честитки за новиот личен рекорд“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top