Две и пол години немавме секс и се разведовме, се жали бившиот маж на Дара Бубамара

Животот на пејачката Дара Бубамара со години ја заинтригира јавноста, а пред сè нејзиниот љубовен живот. Зад себе има два брака, првиот сопруг речиси и не го спомнува во јавноста, додека за вториот Милан Кесиќ со задоволство зборува и вели дека се во одлични односи.
Дара и Милан се венчаа во 2008 година. Oд бракот го имаат синот Коста, но по неколку години се разведо. Милан еднаш отворено проговори за љубовта и врската со пејачката. 
„Јас и Дара се знаеме 12 години, бевме најдобри другари. Малку е тешко да ви го објаснам нашиот однос, доста е специфичен. Вистината е дека јас и Дара никогаш не сме биле во вистински брак, главно нашата врска се базираше на пријателство и почит“, рече Милан и додаде: Постоеше страст меѓу нас, потоа Дара остана бремена, па се венчавме. Сепак, последните две и пол години брак немавме ништо, ни секс ни ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во посебни соби. Таа, како и секоја жена, мораше да излегува, да запознае некого. Не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука „, раскажал Кесиќ во една прилика пред медиумите.
Scroll to Top