од пред 50 години. Поради тоа мораме да поведеме сметка како ги трошиме ресурсите доколку сакаме да ја сочуваме планетата за идните генерации.
Кога говориме за градовите, мораме да бидеме свесни дека тие се дел од системот што го измислил човекот за да се одржи во живот. Земјоделството, чии почетоци се пред 10.000 години, овозможило да се одржат градовите и да бидат такви какви што ги познаваме денеска. Тоа им обезбедува доволно храна на жителите во градот. Без него градовите не би можеле да се одржат. Исто така градовите би биле незамисливи без водовод, а тоа е само еден од аспектите на системот.
Со 8 милијарди жители на планетата, но и услови во какви што живееме никој од нас не може со сигурност да знае дали и колку Земјата ќе може да се бори со нас, односно со начинот на кој ги користиме ресурсите.
Тенденцијата на човекот е да се преселува во градовите. Доколку добро управуваме со урбанизацијата, би можеле во добар процент да ја ослободиме површината на Земјата од човекот и на тој начин да спасиме добар дел и од загрозените видови со кои ја делиме оваа планета.
Прочуениот план на Едвард О. Вилсон, кој е наречен „половина Земја“, како и неговата книга со истиот наслов говорат токму за тоа. На прв поглед се чини дека неговиот предлог е екстремен. Луѓето и така сè повеќе се концентрираат во градовите, па концептот „половина Земја“ би можел да ни помогне полесно да се ориентираме на тој процес.
Концептот што го нуди овој план е следниот:
„За да ја сочуваме нашата планета за идните генерации, потребно е половина од Земјата да ја исчистиме од луѓето, односно сите луѓе да бидат концентрирани на едната половина за дивите билки и животни да можат слободно да живеат, како што тоа било случај пред луѓето да ја преземат контролата над природата. Исто би требало да се постапи и со океаните, од кои доаѓа третина од нашата храна.
Овој план дефинитивно звучи чудно, можеби е и невозможен, но многумина веруваат дека би можел да се изведе. Луѓето веќе ги напуштаат селата за да се преселат во градовите, големи региони остануваат празни и тоа се случува континуирано речиси цел век. Многу села денеска имаат помалку од илјада жители и тој број продолжува да опаѓа. Повеќето од младите си заминуваат. Тие локации можат да се редефинираат и обноват за повторно да станат корисни.
Ваквата постапка не би била наметната затоа што процесот веќе трае. Секако, би било пожелно да се избегне секаков вид екстремност, но и какво било чувство на идеалистичка чистка. Ваквиот план е само една од можностите за нашиот опстанок на оваа планета.
Секако би требало да направиме сè што е во наша моќ да ја сочуваме планетата за идните генерации затоа што алтернатива засега не постои. Нема планета Б.
Мир, правда, еднаквост и владеење на правото е неопходна стратегија за преживување.
Во следното видео видете што вели Едвард Вилсон за својот план „половина Земја“: