По една година од смртта на Есма, јавноста реагираше на запуштениот гроб

By

На денешен ден (11. 12.2016)  пред една година почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова- Теодосиевска.  Есма почина на 73-годишна возраст, откако беше однесена во болница во лоша состојба, со  висок шеќер и висок притисок.

По нејзината смрт се крена врева околу нејзиниот тестамент, во кој таа целиот свој имот го остави на државата.

„ Со години зборуваше дека сака нејзината куќа да биде дом на културата и хуманоста и ја предаде во сопственост на Македонија. Целиот имот Есма го дарува на Македонија. Нејзиниот коментар беше дека нејзините пари се направени од концерти, луѓето купувале билети, плаќале и тие треба да припаднат на нејзиниот народ. Тоа беше нејзината порака“, изјави тогаш нејзината менаџерка и пријателка Зорана Костовска.

Фотографијата која осамна на социјалните мрежи и предизвика реакција во јавноста

Но, врева се крена  и околу нејзиниот запуштен гроб, прекриен само со земја и едно оскудно цвеќенце. Фотографиите кои осамнаа на социјалните мрежи предизвикаа коментари.  По ова реагираше семејството  дека според муслиманските правила спомен-плочата се става една година по смртта. Сепак, ова не го тргна сомнежот дека местото е запуштено. По оваа објава во медиумите, за кратко време нејзиниот внук Аднан Реџеп објави фотографии на кои се гледа дека врз земјата се ставени букети свежо цвеќе.

„Мојата тетка беше и засекогаш ќе остане во нашите срца, но ние, Реџепови, а посебно јас, Аднан Реџеп, нејзиниот сакан внук, ги замолувам сите нејзини фанови и цела македонска јавност за малку трпение. Јас сум во преговори со една странска фирма специјализирана за уникатни споменици на славни личности, која ќе биде одговорна за изградба на нејзиното вечно живеалиште. Мислам дека проектот е толку убав што секој Есмин фан и обожавател ќе биде вчудовиден од убавината и квалитетот на споменикот. Ви благодарам на сите што се сетивте и реагиравте, но уште еднаш ве молам за малку трпение“, изјави тогаш внукот на Есма.

„Јас сум во преговори со една странска фирма специјализирана за уникатни споменици на славни личности, која ќе биде одговорна за изградба на нејзиното вечно живеалиште“, рече вникот на Есма Аднан Реџеп

Таа во својот живот одгледа 47 деца, позната е и по големиот број хуманитарни акции. Лани во мај беше промовирана нејзината монографија.

Есма пееше 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации низ светот. Беше музички амбасадор на Македонија во светот.

За време на својата 55-годишна кариера Есма Реџепова-Теодосиевска има одржано повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи.

Ќе ви се допадне