Емина и Мустафа повторно заедно

Откако раскина со милијардерот Седатин Саран, пејачката Емина Јаховиќ наводно се смирила со поранешниот сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал. Според медиумите во регионот, пејачката и нејзиниот поранешен маж Новата година ќе ја дочекаат во нивниот стан во Истанбул, ззедно со синовите Јавуз и Јемен.

„Емина и Мустафа решија да и дадат уште една шанса на својата љубов. Неодамна се видоа на вечера и отворено поразговараa. Двајцата си признаа дека уште постојат емоции помеѓу нив и дека е најдобро повторно да живеат под ист покрив. Оваа одлука ја донесоа најмногу поради синовите кои на двајцата им се центарот на светот“, рекол извор за српските медиуми.

Ниту Емина, ни Мустафа засега не потврдиле, ниту демантирале дека се смириле.

Scroll to Top