Естрадата ќе пее за лицата со оштетен вид  

На 20 октомври во Домот на АРМ  во Скопје со почеток во 19.30 часот ќе се одржи музички концерт за лицата со оштетен вид. Кристина Арнаудова

Елена Петреска, Зуица Лазова и фолк-дивата Виолета Томовска ќе пеат за лицата со оштетен вид. Културното-уметничкото друштво на лицата со пречки во видот „Билјана“ и дуото „Шкупи“ ќе се претстават пред публиката со класични и традиционални песни. А водител ќе биде Жарко Димитриевски.

Концертот е во пресрет на Денот на белиот стап, кој е симбол на лицата со оштетен вид.

Настанот има хуманитарен карактер и сите средствата од продадените билети ќе бидат донирани за потребите на лицата со оштетен вид во земјата. Цената на билетите е 100 денари.

Scroll to Top