Ева Лонгорија има нова фризура – ​​идеална за жени во 50-тите за помлад и посвеж изглед

Многу познати дами го прославија крајот на штрајкот во Холивуд во средата на ручекот на женската академија „Шанел“.

Една од гостите беше познатата актерка Ева Лонгорија, која го покажа својот нов изглед.

Познати актерки, сценаристи и многу други жени што работат во филмската индустрија се сретнаа во средата на луксузниот женски ручек на Академијата, кој оваа година беше создаден во соработка со „Шанел“.

Попладневното дружење во Лос Анџелес собра многу познати дами, кои блеснаа во модни комбинации со потписот на брендот што многумина го сакаат. Главна тема беше прекинот на синдикалниот штрајк на актерите по повеќе од 3 месеци.

Ева Лонгорија драстично ја скрати косата и ја прикажа својата нова фризура.

Познатата актерка има 48 години и многумина велат дека изгледа барем 10 години помладо.

Покрај тоа, Ева ја осветли косата од темнокафеава во потопла чоколадно кафеава нијанса, што дополнително го отвори нејзиното лице и ѝ го надополни тонот на кожата.

Текстот Ева Лонгорија има нова фризура – ​​идеална за жени во 50-тите за помлад и посвеж изглед е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top