ФБИ откри дека Ирската републиканска армија планирала атентат врз кралицата Елизабета при посетата во САД

Дадотеките ги објавиле минатата година по смртта на кралицата, тие покажуваат дека во ФБИ, кое помогна да се осигура безбедноста на краицата при нејзините посети, биле загрижени за заканите од Ирската републиканска армија (ИРА). Заканата за атентат била упатена до полицаец во Сан Франциско.

Според досието, полицаец кој често бил во ирски паб во Сан Франциско ги предупредил федералните агенти за повикот од човек што го сретнал на местото. Полицаецот рекол дека човекот му кажал оти бара одмазда за неговата ќерка која била убиена во Северна Ирска со гумен куршум.

Заканата се случила на 4 февруари 1983 година, еден месец пред посетата на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип на Калифорнија.

Во документот стои дека тој ќе се обиде да и наштети на кралицата Елизабета со тоа што ќе фрли некој предмет од мостот Голден Гејт на кралкста јахта „Британија“ кога ќе плови под него, или ќе се обиде да ја убие кралицата Елизабета кога таа ќе го посети националниот парк Јосемит.

Како одговор на заканата, Тајната служба планирала да ги затвори патеките на мостот Голден Гејт додека се приближува јахтата. Не е јасно какви мерки се преземени во Јосемит, но посетата продолжила. ФБИ не објави детали за апсењата. Документот од 102 страници е поставен на Волт, информативната веб-страница на ФБИ, во понеделникот, по барањето од Законот за слобода на информации поднесено од американските медиуми.

Scroll to Top