Популарната хумористична емисија „Фчерашни новости“ си замина од телевизија Телма, каде беше три сезони. Новата, четврта сезона ја почнува на „Канал 5“ телевизија. В недела, на 9 септември, почнува првата емисија, а следните ќе се прикажуваат секоја недела од 19:30 часот.
Екипата веќе е подготвена и спремна за новиот почеток. Не кријат дека се многу возбудени, а се пофалија и дека се засилени со нови членови.
„ Четвртата сезона ќе се емитува на ‘Канал 5’ телевизија, со надеж дека ќе постигнеме уште поголема гледаност. Со Телма имавме одлична соработка во изминатите три сезони и многу сме им благодарни за тоа“, изјавиле од екипата на „Фчерашни“ за точка.мк
Најавени се и многу новитети, а пред почетокот на „Фчерашни“ имало организирано повеќе кастинзи, па од таму велат дека се среќни затоа што имало многу пријавени, кои сакаат да се дел од популарната емисија.