(Фото) Александра Пријовиќ стигна во новиот дом со бебето

Српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ денеска околу 13 часот со синот Александар стигнаа во новата куќа. Пејачката по 4 дена по пораѓањето беше пуштена од породилиштето.

Двајцата пристгинаа во новата куќа, а ги возеше Боба Живојиновиќ. Новите родители на капијата ги пречекале мајките на Александра и Филип, Борка Михајловиќ и Зорица Накиќ.

Гордите баби не ја криеја среќата. Од нив стигнаа првите честитки и гушки за Александра, додека Филип ја носеше колевката.

Сите се потрудија Пријовиќ да се чувствува убаво, па пред влезната врата ја дочекаа со неколку сини балони, на кои беше напишано името Александар.

 

Scroll to Top