Поп- пејачката Антониа Гиговска викендов пееше во Охрид, каде што настапи на концертот на Влатко Лозановски на Билјанини Извори. Облечена во шарен шорц, гол стомак и високо кренати чорапи како за на баскет, Антониа овој пат не остави впечаток па многумина коментираа дека треба да си најде стилист.
„Можеби сè што носи е модерно, ама лошо изгледа на неа. Не е само да облечеш нешто од познати дуќани, треба и убаво да стои“, коментираа присутните на концертот.
Анотниа на настапот се појави во облека од познати продавници во Скопје, кој таа ги рекламира на својот инстаграм-профил. Не е првпат пејачката да ја утне комбинацијата, особено кога избира гардероба што не одговара на нејзината градба.