(Фото) Другарките ја расплакаа Амернис за роденденот

Актерката Амернис Нокшиќи-Јовановска, вчера славеше роденден. Таа наполни 46 години, а роденденската журка беше во кафеана со нејзините најблиски другарки. Освен торта, свеќи, вино и многу музика, дамите не криеја дека одлично си поминуваат. Амернис не го криеше воодушевувањето, ниту пак солзите, кога во позадина одеше нејзината омилена песна “Јер ти си принцеза“.

Амернис е во брак со новинарот Борјан Јовановски, со кого ги има ќерките Бора и Каја. Таа долги години е дел од Албанскиот театар во Скопје, зад себе има многу улоги, како и  синхронизација на серии.

Scroll to Top