(Фото) Фатиме во машки костум на изрекувањето на пресудата на Јанкулоска

Во црн машки костум со строги линии,  и бела кошула, со залижана коса, специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи денеска дојде во судот каде што беше изречена пресудата на ексминистерката Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“. Судот ѝ изрече 6 години затвор за случајот „мерцедес“.

„Обвинетата Гордана Јанкулоска при набавката на возилото ‘мерцедес ес 600 гард’ била свесна за своето дело и сакала извршување на истото. Таа го поттикнала Поповски незаконски да го фаворизира ‘Макаутостар’ за да се набави ново блиндиранo возило по желба на тогашниот премиер, Никола Груевски. Бараме обвинетата да биде прогласена за виновна земајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, а со тоа да бидат платени и 313 илјади денари судски трошоци солидарно со Груевски и Поповски“, рече минататта недела обвинителката.

За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затворска казна, а поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото, е осуден на две години казна затвор.

Scroll to Top