На 31 август во 1997 година во Париз трагично загина принцезата Дијана, но и денес многумина не знаат каде е погребана. Гробот на принцезата Дијана е едно од оние места што не може секој да го посети, скриен далеку од јавноста, нејзините фанови и туристите. Иако церемонијата беше јавна, погребот на принцезата беше само за најблиските членови на нејзиното семејство. Плашејќи се од големиот интерес, нејзиниот брат Чарлс Спенсер решил да ја погреба својата сестра на неговиот имот Алотроп, односно на остров на езерото на имотот.
На тој имот пораснала принцезата Дијана, а нејзиниот брат го наследил откако станал гроф, пишува Index.hr. По служењето на мисата во Вестминстерската опатија, автомобилот со ковчегот на принцезата помина низ улиците на Лондон, а потоа семејството на Дијана се упати кон имотот Алотроп во англиската област Нортхемптоншир. Најблиското семејство на принцезата потоа присуствуваше на самиот погреб.
Autumn at @AlthorpHouse pic.twitter.com/MzR8xg7rLv
— Charles Spencer (@cspencer1508) October 23, 2022
Ако на Гугл напишете „Гробот на принцезата Дијана“, ќе видите фотографија од огромен мермерен споменик со нејзиното име и годините на нејзиното раѓање и смрт, како и клупа. Голем споменик на сестрата и подигнал Чарлс Спенсер, но споменикот не се наоѓа на нејзиниот гроб.
Гробот на принцезата Дијана е на остров на езерото на имотот и невозможно е да се стигне до островот без дозвола на Чарлс Спенсер. Затоа, гробот на принцезата Дијана, и покрај огромниот интерес на јавноста, никогаш никој освен нејзиното семејство не го видел ниту посетил. Чарлс Спенсер неодамна објави фотографија од островот на која се гледаат цвеќиња и дрвја како растат околу гробот на принцезата.
Sunlight breaking through the shadow of the tall trees that stand round the Oval, this morning. pic.twitter.com/Fo0b88Sk3E
— Charles Spencer (@cspencer1508) May 21, 2023