(ФОТО) Миа Костова е мераклика… на пушење?!

Под изговор,  за наводно влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни божем имале намален промет, па морале да отпуштат дел од своите вработени, група на пратеници од владејачкото мнозинство решија да поднесат иницијатива за измена на законот за заштита од пушењето и тоа по скратена постапка!

Со новите законски измени треба да им се даде можност на сопствениците да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови од угостителскиот објект јасно да ги означат како забранети зони за пушење… цигари.

Оваа пратеничка иницијатива ги подели мислењата и предизвика бура од реакции… Нормално едни се категорички ПРОТИВ, други се ептен – ЗА! Полемиката како што е редот, со брзина на „палење цигара после секс“ се пренесе и на социјалните мрежи, а во неа се вклучија со свои предлози и размислувања и многу од јавните и познати личности.

Дека е водителка парекселанс, видовме оддамна. Добар клубски „фејс контрол селектор“, знаеме исто така. За нејзината сексуална определба од типот:  „и на струја и на батерии“, многу се зборуваше, озборуваше и пишуваше… Како и за нејзините љубовни врски, трансформациите на изгледот, наглото менување на тежината…!

Ама, дека Миа Костова е толку голема мераклика на цигари, ни открива самата во последниот Фејсбук статус, апропо темата за легализација или не, на пушењето во угостителските објекти!

Каков став завзеде водителката, прочитајте самите, па ако и вам Ви се чини дека Миа Костова е страсна мераклика… на пушењето, ставете и еден голем… ЛАЈК! Секако, ако имате ист став со водителката!

 

(Извор/Вистина)

Scroll to Top