(Фото) Новак Џоковиќ го скрши рекетот на тренинг

Новак Ѓоковиќ повторно тренира со Марјан Вајда, тренерот кој го донесе на врвот на тенискиот Олимп. Соработката е привремена, но очигледно е дека на Ноле му годи враќањето на старите методи.

Џоковиќ се пофали со фотографија на „Инстаграм“ на која може да се забележи скршениот рекет, кој алудира на тоа дека Србинот се изнервирал на тренингот.

Многумина сметаат дека постапил како и секој спортист кој сака да го даде најдоброто од себе, но му замеруваат дека во последно време е доста мирен и дека нема жар и натпреварувачки набој. Но, сега покажал дека се враќа стариот Ноле.

„Тежок ден на работа“, напишал Џоковиќ покрај фотографијата.

 

Scroll to Top