Пратеникот Антонио Гарсија од Мексико, се соблече гол додека зборуваше на говорница. Неговиот говор остана забележан како историски, кога на колегите им зборуваше како го ограбиле народот.
„Непријатно ви е да ме гледате гол, ама не ви кога ги гледате обичните сиромашни луѓе кои ги соголивте до гола кожа, за само вие да живеете во луксуз на нивниот грб“, им рече Гарсија на колегите.
Гарсија е член на Демократската револуција и со останатите колеги говореше на подиумот во собрание целата ноќ, за одземањето на нафтеното богатство на Мексико.