Неодамна Сара Мејс откри кога ќе се случи долгоочекуваната свадба со саканиот Димитар Атанасовски.
На 5-ти август ќе ја правиме венчавката во црква, лани на тој ден Диме ме побара за сопруга и поради тоа сакаме да се венчаме токму тогаш. Прославата во ресторан е еден месец подоцна, открива таа.
Сега на својот Инстаграм профил таа откри како ќе изгледа нејзиниот невестински фустан. Сепак станува збор само за шега, бидејќи се работи за венчаница направена од песок за време на нејзината моминска забава во Грција.
Сара љубоморно ги крие скиците за венчаницата, па креацијата ќе биде големо изенадување за сите.