(Фото) Стив Џобс ја лажирал својата смрт

Многумина заговорници сметаат дека поранешниот основач и директор на „Епл“ Стив Џобс е жив и дека тој ја лажирал својата смрт за да може да живее мирен живот во Каиро. Ваквите теории се зацврстија откако на социјалните медиуми се рашири фотографија од човек кој многу наликува на Стив Џобс.

Заговорниците шпекулираат дека основачот на „Апл“ е жив и дека се крие во Египет каде настанала фотографијата.

„Не сум љубител на теориите на заговор, но Џобс би бил доволно луд да го направи тоа“, коментирал еден под фотографијата на која човекот пие кафе во Каиро. Други, пак, се противат на ваквото мислење.

„Сакам да верувам дека тој е жив, но Џобс никогаш не би можел да ја напушти компанијата ‘Апл’“, напишал друг корисник.

Мажот на фотографијата бил во поза која станала заштитен знак на Џобс, со раката на брада и замислен поглед. Но, останатите забележале дека не го носи својот рачен часовник од брендот „Апл“. Малку е веројатно дека навистина станува збор за Џобс, но фотографијата секако е доказ дека секој од нас има свој двојник, коментираат фановите.

Стив Џобс почина во 2011 година од рак на панкреасот. Основачот на „Апл“ имаше само 56 години.

 

Scroll to Top