(Фото) Сузе во жешки панталони го прошета внукот

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева се пофали на социјалните мрежи со фотографија од прошетката со нејзиниот внук. Водителката беше облечена во жешки панталони и чизми. Таа доби голем број пофални коментари од фановите.

„Сите најскапи коли да ги имаш, ако ваква немаш возено, не знаеш што е среќа. Фала ти животе“, напиша Турунџиева на социјалните мрежи.

Турунџиева стана баба годинава, откако нејзната ќерка пред неколку месеци го доби синот Јаков.

По породувањето, Сузана за „Репортер“ раскажа дека мајката и бебето се добри, а дека Филип цело време бил покрај Лора додека се породувала.

„Дојде на свет нашето чудо, моето прво внуче. Не ни замислував дека толку многу радост ќе разбуди во мене”, рече тогаш Сузана за Репортер.

Добив внук, а Лора машки го издржа породувањето – Турунџиева стана баба

Scroll to Top