Пејачот Влатко Лозановски по повод 29 ноември, Денот на Републиката, се потсети на времето кога бил пионер. Сеќавањата од тоа време Влатко ги сподели на социјалните мрежи. Пејачот објави фотографија кога почнал да оди во прво оддление.
Убаво облечен, со црвената марама околу вратот, Влатко доби пофални коментари од фановите. Денот на Републиката шест децении беше еден од најголемите празници во поранешна Југославија. Празникот се одбележуваше со неработни денови и училишни приредби.
Влатко неделава на изборот на Мажи на Годината за 2019, ја доби наградата за Маж со најголем придонес во културата.