Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева објави фотографии од свадба од нејзини блиски пријатели. Покрај неа на забавата беше и нејзиниот партнер Иван Проданов.
Александра беше облечена во фустан во зелена боја со миди должина. Комбинацијата ја надополни со црни сандали со циркони и црна чанта. Иван носеше костим во потемна зелена боја, со кој беше во тон со својата девојка Александра.
Александра годинава славеше матура, а честитики доби од татко ѝ на социјалните мрежи.
„Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!“, напиша Заев на фотографиите.