(Фото) Зависна сум од адреналин: Андријана Јаневска си купи мотор

Пејачката и прпфесор по виолина , Андријана Јаневска, си купи мотор-Suzuki V STROM 1000. Вели:  како ви како ви се допаѓа мојата нова играчка? Па на ова таа доби многу коментари за моторот, ама многумина беа и изненадени. На прашањето, од каде желбата за мотор, Андријана за Репортер вели:

„Гледам дека за голем број луѓе моторот е изненадување, но за оние кои добро ме познаваат – воопшто не е. Тие би очекувале да возам и сканија и глисер и авион. Овожавам да возам, таква сум по природа, авантурист и зависник од адреналин. Желба ми е да се тркам на 8-мо мартовската женска трка со коли. Гледам и Формула 1, навивам за Ферари„, раскажува  поп-пејачката за “Репортер“ . Таа вели дека  секој нов ден и мал  за сè што сака да направам бидејќи во сè гледа предизвик.

„Деновиве ги поминувам во уживање и обука за А категорија во авто школата Мартин. Заразата за мотор ја префатив од мојот кум Јаким кој долго време вози. Сакам спортски коли и спортски мотори, но во град мора да бидеме максимално совесни возачи и да ги почитуваме правилата“, ни раскажа Јаневска.

А.Георгиев 

Scroll to Top