Фотографијата што УЕФА ја избра како симбол на Суперкупот

Фотографијата на која деветгодишниот Јане, кој боледува од СМА – спинална мускулна атрофија, се радува пред фотографијата на Роналдо, УЕФА ја избра како еден од симболите на Суперкупот пред почетокот на  натпреварот.

Фотографијата е направена пред големиот банер во инсталациите на „Телеком арената“ и открива колку Јане мечтае да го запознае Кристијано  во живо вечерта пред натпреварот. Јане, кој боледува од СМА, е голем фудбалски фан и секогаш ја следи македонската фудбалска репрезентација на секој натпревар. Тој навива за Пандев, Несторовски и за другите нашите репрезентативци.

 

Scroll to Top