Фолк-пејачката Ирена Спасовска деновиве е на одмор во Доха, главниот град на Катар. Таа на социјалните мрежи постојано објавува слики и видеа од егзотичното патување, па се пофали дека се дружела со згоден шеик, кој е сопственик на трговски центар.
„Прекрасен ден поминат во молот на шеикот – со вештачко небо, канали, гондоли“, напиша Ирена покрај сликите на кои е во негово друштво.
Ирена, освен што се дружеше со шеикот, беше и на сафари во пустина каде што јаваше камила, уживаше во туристичко разгледување на градот, на егзотични вечери, а се опушташе и на базен во познат хотел во Доха.
Пејачката изминатиот период го помина работно, често имаше настапи во скопските ресторани и кафулиња. Таа неодамна беша актуелна во јавноста по раскинувањето со новинарот Орце Гелевски, со кого беше во врска 13 години.
Фото: Фејсбук